Ѓоковиќ без борба до полуфиналето на Вимблдон, Де Минаур се повлече од турнирот


Лондон – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон 2024 година без меч во четвртфиналната фаза.

Неговиот противник Алекс де Минаур од Австралија го предаде мечот поради повреда.

Де Минаур се повреди на крајот од осминафиналето со Французинот Артур Фиерс. По мечот 25-годишниот тенисер со куцање го напушти теренот. 

„Не е тајна дека, во оваа фаза од мојата кариера, ова беше најголемиот натпревар во мојата кариера. Затоа сакав да направам се што можам за да играм“, рече Де Минаур. „Знаев какви се резултатите вчера, но сепак сакав да се разбудам денес и да почувствувам некакво чудо и да не го чувствувам додека одам“.

Тој рече дека му било кажано дека може да му го влоши колкот ако одигра уште еден натпревар.

„Проблемот со тоа што излегувам и играм е што едно истегнување, едно лизгање, било што, може да направи оваа повреда (закрепнување) да оди од три до шест недели до четири месеци“, рече Де Минаур. „Премногу е да се ризикува“.

Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон во петок ќе игра со победникот од средбата меѓу Лоренцо Музети (Италија) и Тејлор Фриц (САД). Во второто полуфинале ќе се сретнат Русинот Данил Медведев и Шпанецот Карлос Алкараз.

Новонастанатата ситуација го сместува Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон по 13-ти пат, израмнувајќи се со Роџер Федерер по бројот на освоени турнири во историјата.

Вториот носител Ѓоковиќ освои има освоено седум титули на Вимблдон. Само Федерер има еден повеќе – осум.