Гир не гледа простор за eтнички лични карти во ЕУ


Евроамбасадорот Дејвид Гир денес од прес-конференција во Владата порача дека регулативата на ЕУ забранува процесуирање на лични податоци за етнички, политички и други верувања во личните документи. Таквата практика, според него, е дел од европска регулатива, посочувајќи дека е добро што Македонија работи на тоа да ги прилагоди своите стандарди со тие на Унијата бидејќи, кога ќе почнат преговорите, овие прашања се првите што ќе се дискутираат.   

„Ова прашање за усогласеноста на правниот систем тука со тој во ЕУ е многу важно. Северна Македонија има добар прогрес во усогласувањето на нејзиниот правен систем со правилата и стандардите на ЕУ. Ја охрабрувам земјата да продолжи да така, бидејќи ова ќе бидат првите области што ќе се оценуваат кога ќе почнат преговорите со Унијата. Генералната регулатива на ЕУ за заштита на личните податоците забранува процесуирање на лични податоци кои откриваат расно, политичко, етничко, религиско и друго уверување, како и сексуална ориентација и одреден број други прашања. Личните карти во ЕУ сѐ уште се под националните закони, но регулативата што ја споменав и која ги содржи првите правила за личните карти влегува во примена во август оваа година“, рече Гир. 

Претходно премиерот Зоран Заев порача дека впишувањето на националноста во личните карти била дискутирана со грчкиот амбасадор во земјава, но немало предупредување од никого.