Гинцбург: Спутник V штити од сите мутации на Ковид-19


Руската вакцина против корона вирусот, Спутник V, штити од сите познати мутации на Ковид-19, тврди директорот на Националниот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург.

Тој прецизира дека заштитата вклучува и од британската мутација, како и од делта сојот, кој е првпат откриен во Индија.

Рускиот центар „Гамалеја“ ја разви вакцината Спутник V, која е прва регистрирана вакцина против корона вирусот.