Ги тужи родителите затоа што му ја фрлиле порнографската колекција – има 40 години


Четириесетгодишен маж од Индијана, САД ги тужи своите родители затоа што ја фрлиле целата негова колекција со порнографија, чија вредност, според него, изнесувала повеќе од 29.000 долари.
Минатата недела на сојузниот суд во Мичиген, каде живеат неговите родители, тој поднел тужба против нив.
Кај нив се вселил во 2016 година, откако се развел од сопругата. Живеел таму десет месеци, по што се преселил во Индијана.
Во меѓувреме ги замолил да му ги пратат неговите работи, но меѓу нив не биле 12 кутии до порнографски магазини и филмови.
Родителите признале дека ги фрлиле кутиите со порнографија во кои можеле да се најдат наслови како „Frisky Business” и „Big Bad Grannys”.
Во тужбата која оштетениот син ја поднел против нив има и мејл од неговиот татко кој му напишал: „Ти направив голема услуга што ги фрлив тие работи. Верувал или не, една од причините поради кои ја уништив твојата порнографија беше твојата благосостојба, односно твоето ментално и емоционално здравје. Би го направил истото и да најдев килограм кокаин. Се надевам дека еден ден ќе сфатиш“.
Мажот бара финансиска отштета во тројна вредност од вредноста на изгубената содржина, што изнесува 87.000 долари.