Гевгелија доби нова атлетска патека


Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска  ја пушти во употреба новата атлетска патека во Гевгелија. Овој проект вреден 7.750.000 денари претставува значајна инвестиција во спортската инфраструктура.

-Со големо задоволство денеска ја отвораме оваа современа атлетска патека, која ќе им овозможи на сегашните и идните генерации атлетичари, рекреативци и љубители на спортот да имаат подобри услови за тренинг и натпреварување. Ова е уште еден доказ за посветеноста на Министерството за спорт кон унапредувањето на спортот и создавањето подобри услови за сите  граѓани – изјави министерот Ристовски.

 

Новата атлетска патека ќе им овозможи на спортистите поквалитетни услови за подготовки, а граѓаните ќе добијат уреден простор за спорт и рекреација. 

Изградбата на Атлетската патека во Гевгелија е еден од капиталните проекти на Министерството за спорт и дел од пошироката стратегија за развој на спортската инфраструктура низ целата земја.

-Македонскиот спорт заслужува поддршка, а спортистите и сите граѓани заслужуваат најдобри услови за успех. Продолжуваме со реализација на капитални спортски проекти кои ќе донесат трајни придобивки за спортот во нашата држава – додаде Ристовски.