Германски Рајнметал купи романско бродоградилиште за 138 милиони евра
Германската компанија за производство на воена опрема Рајнметал денеска го купи романското бродоградилиште Мангалија за 138,03 милиони евра без ДДВ.
Продажбата била извршена на аукција, по неколку неуспешни обиди да се најде купувач за бродоградилиштето, кое паднало во финансиски тешкотии, пренесува порталот „Информат“.
Според стечајниот администратор на CITR, продажбата отвора можност една од најважните индустриски погони во Романија повторно да почне со работа.
Рајнметал во мај објави дека размислува за преземање на бродоградилиштето во соработка со швајцарската компанија MSC и дека планира значителни инвестиции во тој комплекс, со цел развој на центар за воена и цивилна бродоградба.
На 28 април 2026 година, судот во Констанца поведе стечајна постапка против бродоградилиштето Мангалија, откако доверителите го отфрлија планот за реорганизација.
На почетокот на постапката, компанијата имала 69 доверители, додека побарувањата на романската даночна управа и вработените изнесувале околу 145 милиони леи, односно повеќе од 27 милиони евра.