Германската автомобилска индустрија со повеќе нарачки оваа пролет


Книгите за нарачки на германската индустрија се пополнија во април, што сигнализира повеќе работа во наредните месеци, особено за производителите на автомобили, објави во петокот заводот за статистика.
Обемот на неисполнети нарачки беше за четири проценти поголем во април отколку во истиот месец минатата година, покажаа податоците на Дестатис.

Се зголеми за 0,8 проценти на месечна основа.

Двигателот на растот беше автомобилската индустрија, со обем на нарачки за 2,6 проценти поголем отколку во претходниот месец. Производителите на авиони, бродови, возови и воени возила, исто така, забележаа раст, за поскромни 0,8 проценти.

Неисполнетите домашни нарачки се зголемија за 0,4 проценти на месечна основа, а странските нарачки за 1,1 процент.

Реализацијата на „старите“ нарачки од крајот на април треба да трае во просек до крајот на годината, пресметаа статистичарите.

Пополнувањето на книгите за нарачки сигнализира постепено излегување на германската индустрија од долг период на слабост. Германската економија е во опаѓање во последните две години, а во 2025 година се очекува активноста повеќе или помалку да стагнира, според прогнозите на водечките економски институти.