Германска иронија – петте илјади шлемови тргнаа на пат кон Украина


Германските шлемови М92

 

Поминаа добри четири недели откако Германија понуди да и испорача 5.000 воени шлемови на Украина – како придонес за можна самоодбрана, која сега стана реалност. Сега очигледно и тие се на пат – со два камиони кон Украина, како што пренесува германската агенција за печат, без да именува извор. Се вели дека тие се предадени поради тековните борби во Украина. Земјата долго време безуспешно бара од германската влада да испорача оружје.

Кога министерство за одбрана ги понуди шлемовите на крајот на јануари, имаше многу неразбирање и потсмев. Владата, тогаш соопшти дека Украина официјално побарала испорака на шлемови.