Германија „за влакно“ избегна рецесија


Германскиот БДП стагнираше во третиот квартал, покажаа прелиминарните пресметки на заводот за статистика, што укажува дека најголемата економија во Европа избегнала рецесија.

Во периодот од јули до септември, активноста во германската економија остана на нивото од претходните три месеци, според сезонски прилагодените податоци, кога се намали за ревидирани 0,2 проценти, откри Дестатис.

Германија „за влакно“ избегна рецесија, што се дефинира како пад на активноста во два последователни квартали. Економијата излезе од рецесија во третиот квартал од минатата година, според заводот за статистика.

Инвестициите на компаниите беа „позитивни“ во третиот квартал, додека извозот се намали во споредба со претходните три месеци, соопштија статистичарите.

Годишната споредба покажува раст на активноста во периодот од јули до септември за 0,3 проценти, според календарски и ценовно прилагодените податоци, што укажува дека активноста расте со стабилно темпо од почетокот на оваа година.