Германија: Шестмина повредени во напад со нож во автобус
Шест лица се повредени во напад со нож во автобус во германскиот град Зиген, Северна Рајна-Вестфалија – од кои три се во критична состојба.
Како што соопшти во петокот вечерта окружната полиција Зиген-Витгенштајн, еден осомничен е уапсен. „Во моментов нема понатамошна опасност. 32-годишна жена е познат на полицијата. Според информациите на агенцијата ДПА, постојат индиции дека жената боледува од ментална болест.
Според полицијата, автобусот превезувал најмалку 40 патници и се користел како специјална услуга за носење патници на градски фестивал во Зиген. Градот го слави својот 800-ти роденден. Нападот со нож се случил околу 19 часот и 40 минути. Неколку патници ја алармирале полицијата, а полицајците ја уапсиле осомниченара Германка. Портпаролот на транспортната компанија Вестфален-Суд за „Зигенер цајтунг“ изјави дека возачот на автобусот брзо реагирал, веднаш по инцидентот го запрел автобусот и ги отворил сите врати. Ова им овозможило на патниците брзо да избегаат од автобусот и можеби спречи нешто уште полошо да се случи.
Во автобусот имало и деца и млади луѓе. „Овој чин нѐ остави сите нас апсолутно шокирани“, рече градоначалникот на Зиген, Штефен Мус во изјавата.
Двајца од шестмината повредени истата вечер биле пуштени од болница. Уште една жена е отпуштена, изјави портпаролот на полицијата за ДПА. Тој не сакаше да коментира за точната состојба на повредените. Се вели дека биле на возраст меѓу 16 и 30 години.
Злосторството ги враќа сеќавањата на нападот на градскиот фестивал во Солинген пред точно една недела. Таму маж избоде луѓе – уби тројца, а повреди осум други. Осомничениот сторител, 26-годишниот Сириец Иса ал Х., е во притвор. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава, а се појави и видео кое ја презема одговорноста.
Во Зиген, полицијата на Дортмунд ја води акцијата и апелира до јавноста да не шпекулира. „Во моментов немаме информации за терористички напад. Ве молиме да не ширите лажни информации“, напиша полицијата на Икс.
Градот Зиген сака да го продолжи својот градски фестивал во сабота и покрај инцидентот. Според градот, организаторите својата одлука ја засноваат на „полициските наоди за ситуацијата“. Според полицијата, засега нема понатамошна опасност.