Германија произведува најмногу сладолед во ЕУ


Германија е најголем производител на сладолед во ЕУ со 494 милиони литри или 15,5 проценти од вкупното производство на ЕУ28. Податоците на Евростат за 2018 година покажуваат дека Франција е на второ место, со 451 милиони литри или 14,1 процент а по неа следи Италија со 435 милиони литри или 13,7 проценти. Вкупното производство во 28. земји членки на ЕУ изнесува 3,1 милијарда литри.