Гералд Кнаус: Бугарија го уништува кредибилитетот на ЕУ на Балканот


Познатиот политички научник и директор на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнас, ја обвини Бугарија дека го уништува кредибилитетот на ЕУ на Балканот со најавата за блокада на Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Барањето на Софија и на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева Скопје да признае дека македонскиот народ и македонскиот јазик имаат бугарски корени го осуди како апсурдно.

„Замислете Германија да инсистира ‘Австрија да ги признае германските корени’, заканувајќи се со ‘тензии’ ако не го направи тоа. Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот“, напиша Кнаус на Твитер.