Генералка во Аеродром


Овие денови, се спроведува голема пролетна акција за оджување на хигиената во Аеродром. Акцијата започна во Ново Лисиче каде што се работи постепено кон чистење на целиот реон, во текот на следната недела продолжува во другите населени места во општина Аеродром.

Активностите вклучуваат чистење на улиците и пешачките патеки, одржување на парковите и уредување на зеленилото, како и собирање и одложување на кабастиот и други видови отпад. Воедно, службите на општината се подготвени и навремено ќе започнат со уредување на зелените површини пред доаѓањето на пролетта.

Хигиената е важна за чиста и здрава животна средина и истата неопходно е заеднички да ја чуваме и оддржуваме. Уште еднаш упатуваме апел до граѓаните, да внимаваат и да водат сметка за соодветно одложување на отпадот.