Гејтс донира уште 250 милиони долари за вакцината против Ковид-19


САД –  Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони долари за поевтина и попристапна вакцина за Ковид-19.

Поединечлната најголема донација досега доаѓа откако Гејтс веќе даде 70 милиони долари во ноември. Со најновата донација, фондацијата за борба против пандемијата донираше вкупно 1,75 милијарди долари.

„Дали светот ќе стане подобро место за живеење на сите луѓе зависи од тоа што ќе сторат светските лидери за да направат тестови, лекови и вакцини достапни за оние на кои им се потребни“, наведе фондацијата.

Парите ќе послужат вакцините и тестовите да се испорачуваат и во средно развиени земји.