„Гарантираната цена“ ја сведе годишната инфлација во септември на 6,6 отсто
Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6,6 отсто, а цените на мало од 4,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Годишната стапка на инфлација мерена преку порастот на трошоцците на живот, во септември се намали на 6,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска. Позитивен сигнал е инфлацијата во септември беше помала и во однос на август. За споредба, според потаоцците на ДЗС, во август инфлацијата на годишно ниво беше 8,3 отсто, а еден месец пред тоа 8,4 отсто, додека во јуни изнесуваше 9,3 отсто.
Септемвриските податоци ја одразуваат мерката со која Владата кон крајот на септември ги ограничи цените на повеќе прехранбени производи, кои сега во маркетите се обележени со налепницата „Гарантирана цена“, која е на ниво од 1 август, намалена за десет отсто. Но треба да се има во предвид дека потоа стапи во сила друга мерка која се очекува да има спротивно влијание врз инфлацијата, односно да ги зголеми трошоците на живот. Станува збор за промена во даночната регулатива со која над илјада производи сега се оданочуваат со стапка на ДДВ од десет отсто, наместо пет отсто претходно.
Инаку, Светска банка во најновиот извештај посочи дека Македонија годинава ќе ја заврши со инфлација од 9,1 отсто, што е повисоко од владините очекувања дека до крајот на годината ќе се сведе на 5 отсто која ќе биде меѓу пониските во регионот и Европа.
Според соопштението што го објави Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6,6 отсто, а цените на мало од 4,7 отсто.
Трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0,1 отсто, а цените на мало за 1,0 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто, маслото и маснотиите за 1,7 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1,3 отсто и млекото за 0,4 отсто.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34,8 отсто, туристичките аранжмани за 7,1 отсто, производите за домаќинството – нетрајни за 0,8 отсто, другите печатени материјали за 0,4 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0,3 отсто, малите алатки и останатите додатоци за 0,2 отсто.
Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци за 2.3 отсто, јајцата за 2,0 отсто, виното за 1,9 отсто, сирењето и урдата за 1,2 отсто, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,0 отсто, кафето, чајот, какаото за 0,9 отсто, рибата и морските плодови за 0,7 отсто, лебот и житата за 0,6 отсто, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,5 отсто.
Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10,6 отсто, мотоциклите за 8,6 отсто, течните горива за домаќинствата за 6,2 отсто, парамедицинските услуги за 5,4 отсто, гасот за домаќинствата за 4,6 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 4,1 отсто, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3,9 отсто, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 3.5 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 3,4 отсто, медиумите за снимање за 2,8 отсто, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2,3 отсто, услугите за сместување за 2,0 отсто, медицинските услуги за 1,9 отсто, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 1,8 отсто, ткаенините за изработка на облека за 1,4 отсто, мебелот и покуќнината за 1,2 отсто, другите лични предмети за 1,1 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема. Пораст е забележан и кај рестораните, кафулињата и слично за 0,9 отсто, игрите, играчките и хобијата за 0,8 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,7 отсто, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници, другите услуги неспоменати на друго место за 0,6 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,5 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,4 отсто, облеката, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, домашните услуги и услугите за домаќинствата, терапевтските помагала и опремата, фризерските салони и центрите за разубавување, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,3 отсто, актуелните ренти исплатени од станарите, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, патниот патнички транспорт, другото образование за 0,2 отсто.
Бектеши: Мерките даваат резултати, инфлацијата во септември намалена во однос на август
Министерот за економија Крешник Бектеши во објава на Фејсбук оценува дека владините мерки даваат резултати за што показател е намалувањето на инфлацијата во септември во однос на август.
„Мерките кои ги носи Министерството за економија даваат резултат. Над 55 проценти од граѓаните во дел од спроведените анкети ги поддржуваат антикризните мерки на Владата. Според последните податоци на Државниот завод за статистика инфлацијата во септември се намали на 6,6 проценти, споредено со 8,3 проценти во август 2023 година. Намалување на трошоците за живот во септември според податоците на Заводот за статистика, споредено со август се бележи во делот на храна и пијалоци“, напиша Бектеши.
Бесими: Нивото на инфлација продолжува да се намалува, наскоро и нов пакет антикризни мерки
