Галерија: Како изгледа новото министерство на Груби?
Министерството за политички систем што го предводи Артан Груби од денес функционира од нов објект. Зградата е лоцирана во близина на МНР и е дел од проектот „Скопје 2014“ во вредност од 14 милиони евра.
Министерство за политички систем, сепак, нема да биде единствен корисник на барокната зграда. Таму ќе се сместат и Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Управата за афирмирање на културата на припадниците на заедниците, Националниот Албански Ансамбл.
Иако предвидено беше таму да се смести и Антикорупциската комисија (ДКСК), но Владата се откажа и обезбеди пари за реновирање на постојните канцеларии иако од ДКСК порачуваат дека им се претесни.