Беше гениј, мудар и духовит: Естрадата се прости од Тоше Поп-Симонов (галерија)


Перо Камиказа/ Фото: Б. Грданоски

Долг аплауз денес во киното Фросина на МКЦ , како последен поздрав за починатиот  музичар, композитор, продуцент, текстописец, аранжер и снимател  Тоше Поп-Симонов , на комеморацијата по повод неговото заминување од естрадата наречена живот, минатиот месец, на 62 години. 

Фото: Б. Грданоски

Симболично, на сцената каде што Тоше ги направил своите први  посериозни музички чекори и ги забележал првите успеси во далечната 1980 година како гитарист на тогашната џез-рок/симфо-фјужн група „Пост скриптум“ во која покрај него на гитара ќе членуваат врвни музичари како Кирил Џајковски на клавијатури или Љупчо Трајковски Фис на бас.

Антонио Димитриевски во улога на наратор/ Фото: Б. Грданоски

Последното збогум за другарот, менторот и генијалецот кој им ја трасираше ѕвездената патека на бројните македонски поп-пејачи и групи и во регионот, ја собра целата естрада на сцената во МКЦ или преку видеопорака, а низ музичкиот и животниот времеплов за Тоше не водеше новинарот и водител Антонио Димитриевски. 

На комеморацијата во МКЦ присуствуваше и семејството на починатиот Тоше Поп-Симонов/ Фото: Б. Грданоски

Немаше изведувач, пријател, или соработник, кој не збореше со суперлативи и пиетет за неговите човечки и музички квалитети, преку анегдоти или случки.  На комеморацијата  често можеше да се чуе епитетот гениј и исклучително духовит човек, но и врвен гитарист, кој не зборувал многу, ама неговото било последно. Дарио Панковски го спореди со американската музичка икона Квинси Џонс. За Владо Јаневски, пак, кој вечно ќе му биде благодарен за неговата каериера, Тоше бил ретка слика на мудар и морален човек во Македонија. 

Владо Јаневски/ Фото: Б. Грданоски

„Тоше беше генијален човек, талентиран за повеќе работи, од неговиот прв бенд ‘Бастион‘, па ‘Асторија‘, до неговите песни за Макфест, кои звучат поразлично и подобро од оние што денес се прават во најсовремени студија. Тоше ќе го паметам и по неговото капче и да знаеш, од денеска, секогаш кога ќе го ставам на глава, ќе помислувам на тебе“, рече Игор Џамбазов во видеопорака.

Игор Џамбазов/ Фото: Б. Грданоски

Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, при што беше еден од основачите и гитарист на култната рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок групата „Асторија“.

Пере од „Нокаут“/ Фото: Б. Грданоски

Тој остави особено длабока трага во македонската музика во 1990-тите, кога повеќе се посвети на работата во студио, соработувајќи со речиси сите познати имиња од поп, рок, па и фолк сцената. Меѓу другите, ги промовираше Ена Веко и „Студени нозе“, што беше негов продукциски проект. Како композитор, снимател, продуцент или аранжер работеше на албуми и синглови на „Мизар“, Владо Јаневски, „Меморија“, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“, Верица Пандиловска, Џина Папас-Џокси… (Л.С.)

Бени Шакири/ Фото: Б. Грданоски
Драган Б. Костиќ/ Фото: Б. Грданоски

 

 

Тоше Поп- Симонов беше задолжен за музиката во „К-15“: Васко Тодоров/ Фото: Б. Грданоски
Фиц од „Студени нозе“/ Фото: Б. Грданоски
Продуцентката и актерка Лабина Митевска/ Фото: Б. Грданоски
Петар Ренџов со најдолгото инспиративно збогум за Тоше/ Фото: Б. Грданоски
Ена Веко со видеоповик од Австралија/ Фото: Б. Грданоски
Верица Пандиловска се јави од странство / Фото: Б. Грданоски
Музичарот и филозоф Ристо Солунчев/ Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Џина Папас – Џокси/ Фото: Б. Грданоски
Славчо Стојаноски од „Морал“/ Фото: Б. Грданоски