Фустанот со рибји крлушки на Џенифер Лопез на наградите „AMA“ со најголем шлиц што сме го виделе досега

Лас Вегас – Џенифер Лопез синоќа се врати да биде домаќин на Американските музички награди . Поп-ѕвездата, актерка и модна икона, која првпат ги водеше наградите на AMA во 2015 година, го започна шоуто со незаборавна мешавина од нејзините хитови.

Потоа премина на својот воведен монолог, за време на кој носеше прекрасна креација: фустан со длабоко деколте, покриен со со рибји крлушки, со висок шлиц.
Во ексклузивно интервју за InStyle пред доделувањето на наградите, Лопез најави дека ќе има осум изгледи во текот на ноќта. „Имам црвен тепих, настап и шест други комбинации или нешто слично“, рече таа.
Лопез последен пат се појави на наградите „AMA“ во 2021 година, кога ја изведе „On My Way“, нејзиниот сингл од филмот „Marry Me“ во кој глуми и Овен Вилсон. Таа се одлучи за изглед инспириран од невестата, избирајќи фустан со проѕирен корсет и балско здолниште од тил. Фусцинант со превез и цветни украси, елегантна пунџа и чизми со врвки го комплетираа нејзиниот ансамбл.
Лопез е добитничка на три награди „AMA“ и двапати ја освои наградата за омилен латино изведувач. Таа, исто така, настапи на повеќе церемонии, вклучително и во 2020 година, кога ја делеше сцената со Малума за да ги испее нивните дуети „Pa’ Ti“ и „Lonely“.