Фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од мост откако раскинал со својата девојка


Шокантна вест пристигнува од Франција, каде фудбалерот на Ница, Алексис Бека Бека (22) се заканува дека ќе скокне од вијадуктот Мањан на автопатот А8.

Мостот е на приближно 100 метри над земјата, а како што пишува РМЦ, Бека стои на самиот раб на мостот и преговорите со него се во тек.

На местото на настанот се испратени екипи на Брза помош и жандармерија. Ница веднаш ги откажа сите медиумски активности планирани за денеска, а на местото каде што е Бека Бека испратија психолог.

Соиграчите, особено Кефрен Турам, се обидоа да стапат во контакт со девојката на Бека Бека, чие доаѓање се очекува да избегне трагедија.

Според првите информации, фудбалерот неодамна раскинал со својата девојка, поради што решил да направи радикален потег.

Бека Бека има 22 години, игра на позицијата последен играч за врска, а во Ница пристигна во 2022 година од Локомотив Москва во трансфер вреден 12 милиони евра.