Французите се спасија од полициски час за Божиќ, Нова Година е жртвувана
Соочен со повторното влошување на индикаторите за епидемија, премиерот на Франција Жан Кастекс уште еднаш упати предупредување за циркулацијата на Ковид-19. Тој ги покани Французите да останат будни за време на прославата на празниците, за да можат да се надеваат дека ќе го поразат вирусот.
Една недела од постепеното излегување од делимичмиот карантин, планиран за 15 декември, како и со приближувањето на празниците на крајот на годината, извршната власт е загрижена по неодамнешното влошување на индикаторите за епидемија. Соочени со обновување на контаминациите, кои секој ден се приближуваат на нешто повеќе од 15.000 случаи, Жан Кастекс, Оливие Веран и Жералд Дарманан беа принудени да препознаат дека по подобрувањето на здравствената ситуација во земјата, „се уште е далеку победата“.
Во обид да се ограничи прогресијата на Ковид-19 владата на Франција донесе „построги правила“, бидејќу земјата се уште е во вториот бран и е далеку целта на 5.000 нови случаи дневно пред 15 декември.
-Ако не смениме ништо, ризикот е „вториот бран да почне повторно во наредните недели, во моментот кога сериозните случаи повторно почнуваат да се зголемуваат, предупредија министрите.
Од 15 декември ќе се воведе полициски час од 20 до 6 часот, а не од 21 до 7 часот, како што првично беше предвидено. Ова ноќно затворање ќе биде „строго контролирано“, а практикувањето на спортот нема да биде одобрено. Секој престапник ќе одговара со парична казна од 135 евра и ќе биде потребно да се има потврда со која се оправдува едно од следниве исклучоци: – професионални причини; неодложни семејни причини; мисии од општ интерес; медицински причини; инвалидно лице и придружно лице; потреба за миленичиња.
На 15 декември, нема потреба од потврди и се укинува границата на движење во текот на денот од повеќе од 20 километри, односно Французите ќе можат да патуваат од еден во друг регион без потврда во текот на денот, пред полицискиот час.
Исклучок од полицискиот час е 24 декември, за Бадник.
-Божиќ „зазема посебно место во нашите животи и во нашите традиции. Ова е причината зошто извршната власт одлучи да го задржи исклучокот за полициски час предвиден вечерта на 24 декември. Под услов, сепак, да се почитува „препораката“ што се состои во тоа да не се соберат „повеќе од шест возрасни лица истовремено“, порача владата.
Во местата за богослужба, правилата се и понатаму две слободни места мора да бидат оставени слободни помеѓу секоја личност или семејства, и само секој втор ред може да биде зафатен.
За Нова Година на 31 декември, Французите ќе мора да останат дома и нема излегување по 20 часот.
Музеите, театрите и кината ќе бидат затворени до 7 јануари во најдобар случај, како и стадионите за публиката,казината, просториите за игри и зоолошките градини. Нивниот случај ќе биде преиспитан на почетокот на јануари од извршната власт, кој ќе донесе одлука во зависност од еволуцијата на епидемијата.
Кафулињата, баровите, рестораните и спортските сали се надеваат дека ќе се отворат на 20 јануари.
Задолжителна изолација на пациентите болни од Ковид-19 е напуштена затоа што „не е постигнат консензус“.
Владата ќе продолжи со економската поддршка за затворените претпријатија. А истовремено телекомуникациското работење останува правило секогаш кога е можно.