Француските режисери Беноа Жако и Жак Доајон обвинети за силување


Париз – Француските филмски режисери Беноа Жако и Жак Доајон денеска се приведени на сослушување поради обвинувања за сексуална злоупотреба и насилство, известија извори блиски до случајот.

Жудит Годреш (52), исто така режисерка и глумица, поднесе обвиненија против Жако (77) и Доајон (80) за силување и сексуален напад кога таа била малолетна.

И двајцата ги отфрлија обвинувањата, а нивните адвокати го осудија нивното приведување.