Француските ракометари отпаднаа од ОИ. Во драмата испуштија победа против Германија

Германија е вториот полуфиналист на ракометниот турнир на Олимписките игри во Париз. Тие во полуфиналето по продолженија го совладаа домаќинот Франција со 35:34 и изборија средба со Шпанија за пласман во финалето.
Французите беа во водство во поголемиот дел од натпреварот. На полувреме имаа +3 (17:14), а потоа со серија 3:0 на стартот од вториот дел ја искачија на шест големи разлика. Сепак, Германија многу брзо се доближи, а потоа од 44. до 50. минута постигна четири последователни гола и минимално поведе (26:25).
Потоа Франција одговори со серија од 3:0 и во последната минута влезе со водство од 29:27. Ренарс Ушчинс на 13 секунди до крајот го намали резултатот на -1, а Франција „украде“ неколку секунди и побара тајм-аут. По тајм-аутот дојде до неверојатна грешка на француските ракометари. Ушчинс го пресретна додавањето на Дике Мем и погоди во последната секунда за продолжение.
😱 OH NON !
La perte de balle et l’égalisation allemande à la dernière seconde !
Suivez les Jeux de #Paris2024 sur Eurosport avec Max, Canal+ et nos partenaires de distribution pic.twitter.com/xZiAJnJEeD
— Eurosport France (@Eurosport_FR) August 7, 2024
Во продолжението се играше во ритам гол за гол, а на 20 секунди до крајот Недим Ремили го израмни резултатот на 34:34. Но, на другата страна Германците одиграа брз напад, а Ушчинс уште еднаш погоди во последните секунди, овојпат за победа.
Покрај тоа што беше херој во последните секунди, Ушчинс одигра фантастичен натпревар и постигна 14 гола. Исто толку одбрани имаше и Дејвид Спат на голот на Германија. Кај Французите Дика Мем постигна десет гола, а Винсент Жерар одбрани неверојатни 24 удари, но и тоа не беше доволно за Французите. Никола Карабатиќ беше неефикасен во последниот натпревар во кариерата.