Францускиот предлог ќе оди директно на пленарна седница


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Собранието Талат Џафери по координацијата со политичките партии донесе одлука францускиот предлог да оди директно на парламентарна седница.

„По однос на точката Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка и дискусијата која што се разви по однос на оваа точка, согласно член 185 од Деловникот на Собранието претседателот ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина. Во исто време нема деловничка одредба која што му овозоможува  да ја врати информацијата до предлагачот. Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница се усвојува со донесување на заклучоци.

Преставникот на Владата Бојан Маричиќ одговори дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информацииите од координацијата до Влада за потребата да се дополни Информацијата со материјалите кои што се јавно достапни за целата јавност, а во Информацијата се наведени како референца. Согласно Деловникот, претседателот соодветно ќе информира за датумот за свикување на пленарната седница на чиј дневен ред ќе биде Информацијата. За денес е закажана пленарна седница со една точка на дневен ред, ребаланс на Буџетот, за која што расправата ќе трае до 5 дена“, велат од Собранието.

На денешната редовна координација свикана од претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски; на СДСМ, Јован Митревски; на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица.