(Фото) За нови почетоци светна новогодишната елка на плоштадот во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Со синоќешното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје.

Поради пандемијата од корона вирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот беше симболично, а на настанот присуствуваше градоначалникот Петре Шилегов.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски

– Среќен сум што плоштадот и оваа година ќе означува нови почетоци и желби за еден понормален и поздрав живот, каков што имавме пред да не зафати светската пандемија -рече Шилегов.

Граѓаните кои се најдоа во тој момент на плоштадот почекаа да се запалат сијаличките. Во услови на пандемија, годинава немаше масовен собир на плоштадот, но оние кои се најдоа таму беа пријатно изненадени.