(ФОТО/ВИДЕО) Во Тиват вплови најголемата приватна јахта во светот


Јахтата, која му припаѓа на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Халиф бин Зајед ал Нахјан, вплови во пристаништето Порто Монтенегро во Тиват. Станува збор за најголемата приватна јахта во светот „Азам“, која е долга 180 метри.

Луксузниот брод е усидрен на место кое е наменето за големи пловила до 250 метри, пишува црногорскиот портал „Бока њуз“

Јахтата на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Халиф бин Зајед ал Нахјан, е направена во 2013 година во познатото германско бродоградилиште „Lürssen Yachts“, а изградбата чинела околу 610 милиони долари.

Бродот е долг 180 метри и широк речиси 21 метар. За еден таков голем брод, „Азам“ има невообичаено мал газ од само 4,3 метри, што во комбинација со тенката форма на трупот и исклучително силниот погонски систем со вкупна моќност од околу 94.000 коњски сили, овозможува како за јахта да постигне вртоглаво голема максимална брзина од околу 32 јазли.

Бродот е направен од челик и алуминиум и го придвижуваат два дизел-мотора и две плински турбини, бродот нема класични пропелери, туку го придвижуваат т.н. четири водомлазни пропулсори.

Покрај другите луксузни содржини, бродот има два базена, два хелиодрома, кино, огромна сала за ручеци и прослави со димензии од 29 на 18 метри.

Оваа ултралуксузна јахта носи и мини-подморница, а сите стаклени површини на „Азам“ се направени од стакло отпорно на куршуми. Апартманот на шеикот има и дополнителна балистичка заштита со панели од кевлар. Јахтата дури има и систем за самоодбрана против можен ракетен напад.

„Азам“ може да прими 36 патници, за кои се грижат околу 60 члена на екипажот.