(Фото) Тешка сообраќајка во Ново Лисиче, повредена жена


Фото: Независен весник

Попладнево во скопската населба Ново Лисиче се случи тешка сообраќајка во која повредена е една жена.

Возило, избегнувајќи пешак, удри во „голф“, сведочат очевидци, при што од ударот автомобилот со задното тркало е качен на жардиниерата.

На местото на сообраќајката стигна брза помош, а повредената жена беше пренесена во болница за укажување лекарска помош. 

Според полицијата, повреден е и еден пешак.

Полицијата врши увид, а детали за сообраќајката најавија за утре.

На оваа крстосница со денови не работат семафорите, а можеби тоа е дел од причината за тешката сообраќајка.