(ФОТО) Сообраќајка во Лисиче во која учествувало амбулантно возило


Сообраќајна незгода поладнево се случи во скопската населба Горно Лисиче, при што повредена е девојка.

Во незгодата учествувале амбулантно возило на „Никоб“ и автомобил марка „Пунто“.

Некои медиуми, неофицијално јавуваат дека во сообраќајката е повредена девојката која го возела „пунтото“, а од фотографиите може да се забележи дека двете возила се оштетени.