ФОТО: Сообраќајка во центарот на Скопје, булеварот „Климент Охридски“ е затворен за сообраќај


Сообраќајна незгода во која учестуваа две патнички возила се случи пред малку на булеварот „Св. Климент Охридски“ во непосредна близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Поради несреќата овој дел од булеварот, во правец од Соборниот храм кон Нова Македонија, целосно е затворен за сообраќај. 

Според првичните информации во несреќата нема повредени, а причината е непочитување на сообраќајната сигнализација и првенството на поминување.

Министерството за внатрешни работи во моментов врши увид на местото на настанот.