(Фото репортажа) Украина меѓу животот и смртта


Никаде во светот желбата за живот сега не е посилна од таа во Украина. Слики со ужаси доаѓаат од многу страни, но отпорот продолжува. Се цедат последните капки оптимизам дека земјата ќе биде тоа што беше пред руската нецивилизирана окупација. Еве како изгледа тоа на терен:

Ова се Наталија и нејзините 11-годишни близначки Јана и Јарослав. Кога руската касетна бомба ја погоди железничката станица во Краматорск, Јарослав беше внатре во зградата. Наталија и Јана беа на платформата и чекаа чај што го понудија волонтери. Тие сега се во Лавов.

Оксана ги изгуби двете нозе и 4 прсти кога ракета падна во близина на нејзината куќа. „Имаше експлозија. „После тоа ги почувствував моите нозе како да паѓаат во празнина. Се обидував да погледнам наоколу и видов дека веќе нема нозе – само коски, месо и крв“.

Ова е уште една 21-годишна девојка која ја загуби ногата под гранатирање на Русија во Чернихив и сега се подготвува за нов живот на физикална терапија…

Украинците имаат време и љубов и за необични херои. Ова е Патрон, кучето легенда за Украинците кое учествува секој ден во откривањето на мини во ослободените територии од руските сили. Патрон во видеото е одликуван од страна на претседателот Володимир Зеленски.

Украинките се познати по својата убавина, но тоа во оваа војна се покажа како хендикеп. Многу од нив се силувани а потоа и убиени. Видеото долу ја покажува судбината на девојките кои имаа несреќа да се најдат на патот на руските војници.

Медиумите денес објавија дека руските сили крадат наголемо од украинското национално богатство и производство. Извлекоа 500.000 тони жито, а од утрово ги празнат складовите со железни производи од Мариупол и ги праќаат во Русија. Наедно се обидуваат да ги русифицираат освоените региони, менувајќи ги на руски натписите, откако ја воведоа рубљата како платежно сретство. На фотографијата долу го менуваат патоказот за влез во Мариупол –  иако разликата е само во една буква.

Жителите на Донбас го живеат „веќе виденото“. По вторпат се гранатираат нивните домови, откако ги обновија по војната во 2014 година. Се уништуваат и фабриките со нивните работни места. Нема струја, вода и се помалку храна. 

Моралот на украинската војска е легендарен исто така. Фотографијата долу покажува дека не само што умеат да се борат туку имаат и извонреден пи-ар. Опрема и панцири има и за кучињата кои се неопходен дел од војната.  

Домовите и натаму горат. Според претседателот Зеленски дури 90 отсто од нив се уништени во Донбас, поголемиот дел во степен што не можат да се обноват повеќе.