(ФОТО) Прв снег ги покри скијачките патеки

Скијачката сезона во Грандвалира во Андора почнува во октомври и трае до мај, но оваа година снегот дојде малку порано.

Многумина едвај чекаат да ги кренат скиите на рано и да се упатат кон планините и скијачките патеки.

Убава вест за сите љубители на зимата е дека Грандвалира е прекриена со снег. Тоа е познато скијалиште кое е домаќин на многу натпревари, а поради квалитетот на патеките, голем број луѓе одлучуваат зимата да ја поминат токму таму.