(ФОТО) Оштетен автомобилот на Ѓунер Исмаил


Поранешниот министер за култура Ѓунер Исамил на социјалната мрежа Фејсбук се пожали дека непознати лица му го оштетиле автомобилот кој бил паркиран на место кое не било покриено со камери.

„Ова, сосема е сигурно, не го сторил симпатизер, или пак некаков редар/обезбедувач на СДСМ. Го сторил некој кој знае(л) дека местово каде беше моето возило не е покриено со камери. Еден дел од полицијата ми вели дека ќе го најдат. А другиот (не)ветингиран…!?“, пишува Исмаил во објавата на Фејсбук.