(Фото) Кученце се качи на бината додека зборуваше Петровска – министерката одлучи да го вдоми


Несекојдневен настан се случи денеска во касарната „Јане Сандански“ во Скопје. Додека свој говор имаше министерката за одбрана Славјанка Петровска, мало улично кученце се качи на бината срамежливо барајќи вода.

Истото кученце дефилираше и додека им честитаа на новите потпоручници и офицери во Армијата, со што ова кученце ги освои срцата на сите присутни.

Пред присутните министерката Петровска соопшти дека кученцето ќе го однесе на ветеринар, а потоа и ќе го вдоми кученцето, кое ќе биде нов чувар во Министерството за одбрана.