(Фото) Болните од цистична фиброза се простија од Благојче пред Владата


Болните од цистична фиброза се простуваат од Благојче (Фото: Б. Грданоски)

Болните од цистична фиброза, денеска пред Владата се простуваа со Благојче Ивановски, кој почина пред два дена, а не дочека државата да го донесе лекот „трикафта“.

Пред неговата слика запалија свеќа, донесоа букети цвеќе и со минута молк и наведнати глави се простија од Благојче.

На овој начин болните од цистична фиброза го искажаа својот револт од пасивноста на државните и здравствените институции.