„Фолтин“ со концерти во Струга, Битола и Кавадарци
Групата „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци.
Концертот во Струга ќе се одржи на 8 август, во склоп на осмото издание на Дрим Шорт, Фестивал на краток филм. (Дом на култура, Летна сцена).
Во Битола најавен е концерт на 16 август. Настанот ќе го отворат младите битолски бендови: “Tzar von time” “Siotto jazz” и “Corrosion” а Специјални гости ќе бидат Суперхикс (Ракометно игралиште.
Во Кавадарци на 25 август ќе се одржи концерт. (Вински музеј – Тиквеш).