Флавио Болсонаро има предност пред Лула да Силва во анкетата пред вториот круг од претседателските избори во Бразил
Бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро има предност пред актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва пред вториот круг од претседателските избори закажан за 25 октомври, покажува анкетата на агенцијата „Атласинтел“ (AtlasIntel) и „Блумберг.
Според анкетата, доколку вториот круг од изборите се одржи денеска, сенаторот Болсонаро, кој е најстариот син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, би освоил 51,1 отсто од гласовите, наспроти 45,7 отсто што би ги добил Лула да Силва.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека поддршката за Флавио Болсонаро бележи раст по неговата изненадувачка победа во првиот круг од изборите одржан минатата недела.
Анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење „Атласинтел“ е спроведена во периодот од 3 до 8 октомври, на примерок од 5.026 испитаници, со маргина на грешка од плус-минус еден процентен поен.