Физички нападнат новинарот Владимир Перев
Перев е еден од истакнатите претставници на бугарската заедница во Македонија
Новинарот Владимир Перев, кој се води како дел од бугарската заедница во Македонија, бил физички нападнат во Скопјe, се вели во соопштението на бугарското Министерството за надворешни работи.
Перев (80) изјави за македонскиот портал „Трибуна“ дека маж двојно помлад од него го удрил во лицето и му ги скршил наочарите затоа што бил дел од бугарската заедница во Македонија. Напаѓачот, наводно, извикал дека Бугарите треба да одат во Бугарија.
Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, разговарал со Перев и го уверил дека Бугарија ќе продолжи да му биде поддршка во ова тешко време за него.
Министерството за надворешни работи остро осуди уште еден чин на насилство од омраза против Бугарин во Македонија.
„Категорично осудуваме уште еден чин на насилство од омраза против Бугарин во Република Северна Македонија – феномен, за жал поттикнат од актуелната социо-политичка атмосфера и антибугарска реторика“, се вели во ставот.
„Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да преземат навремени и ефикасни мерки за истрага и правда. Потсетуваме дека европскиот пат на земјата бара целосно и совесно спроведување на европскиот компромис од 2022 година, вклучително и почитување на заедничките вредности и гарантирање на правата на македонските Бугари“, се вели во ставот на МНР.
Односите меѓу Македонија и Бугарија се многу затегнати во последната година поради невклучувањето на Бугарите во уставот.