Фирмата за гаќи „Електра Солушн“ добила и грант од Фондот за иновации


Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека „скандалот на власта со изборот на надзор за изградбата на коридорите 8 и 10Д е како сапуница, мислиш ќе престане, а веќе следниот момент излегуваат нови детали“.

 

„ Фирмата „Електра Солушн“, која до неодамна се занимавала со шиење гаќи, се префрлила во градежниот сектор со сесрдна помош на власта на Ковачевски и Груби. За тоа говори и информацијата дека еден ден откако истата добива лиценца за надзор, таа добива грант од Фондот за иновации од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“. Многу иновативно префрлање од шиење гаќи во градежен надзор“, порачуваат со  соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потсетуваат дека „лиценцата за надзор компанијата „Електра Солушн“ ја доби на крајно контроверзен начин, односно барањето го поднела 12 дена по распишувањето на повикот за доставување на понуди на тендерот, а во рок од 5 дена и ја добиле истата“.

„Што уште треба да излезе на виделина за Јавното обвинителство да отвори случај за овој скандал кој смрди на криминал“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.