Финска планира да го забрани увозот на течен природен гас од Русија во 2025 година


 Финска планира да го забрани увозот на течен природен гас (ЛНГ) од Русија во 2025 година, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“, цитирајќи го министерот за животна средина и климатски прашања Каи Миканен.

Финската влада мора да се консултира со Европската комисија (ЕК) за ова прашање и може да воведе забрана за увоз само на ограничен временски период, пренесува Комерсант.

Финската државна енергетска компанија „Гасум“ продолжува да купува минимални количини течен природен гас од Русија според долгорочен договор кој не подлежи на санкции од Европската унија.

Во декември, Советот на ЕУ и Европскиот парламент привремено се договорија за големи ограничувања за руските добавувачи на гас.

Се очекува ограничувањата да стапат на сила напролет, по што Финска ќе го претстави својот предлог за забрана на рускиот течен природен гас.