Финска го отвори првиот рудник за литиум во Европа
Финска го отвори првиот европски рудник за литиум и фабрика за преработка што може да се користи за батерии, со што Европа за прв пат добива свој комплетен синџир на производство на оваа суровина и ја намалува зависноста од увоз од Кина.
Рударската компанија „Келибер“ започна со експлоатација во градот Каустинен на западот од земјата, додека преработката се одвива во областа Кокола, а се очекува проектот да создаде околу 350 работни места, објавува финскиот портал Yle.
Првите количини руда беа ископани во површинскиот рудник Сивејерви, во студени зимски услови, симболично означувајќи го почетокот на долгорочниот проект, објавува Танјуг.