Финци ќе ги учат нашите наставници како да создадат општествено гласни ученици
Финската национална агенција за образование испрати свои претставници да ги поучат нашите наставници, директори на училишта и стручни соработници како да создадат демократска училишна клима која ќе создаде ученици кои ќе бидат општествено гласни.
Министерката за образование и наука Мила Царовска смета дека оваа обука се организира во вистинско време.
– Токму кога навлеговме во имплементацијата на промените кои ги предвидува нашиот автентичен концепт за унапредување на квалитетот на основното образование кој на младите треба да им овозможи стекнување на вистински вредности што всушност и треба да ги поседува секој европски граѓанин. За тоа е потребно напредно граѓанско образование, но и добра демократска училишна клима, која сите заедно, и институциите на системот и директно раководствата и вработените во училиштата треба да ја создадеме“, рече Царовска додавајќи дека, во постигнувањето на целта во голема мера ќе ни помогнат претставниците од Финска, чие искуство и препораки се исклучително важни, затоа што, како што рече токму нивната земја успеала да го изгради еден од најквалитетните образовни системи во светот – рече Царовска.
– Благодарна сум што Финска нѝ помага, а тоа сметам дека е резултат на нивното согледување дека како Влада и како држава во развој навистина се трудиме да ги следиме глобалните образовни трендови и сакаме да напредуваме, сакаме да создадеме подобри услови и образовни можности за младите – рече Царовска на отворањето на обуката за поттикнување и проценка на партиципативна училишна клима која е наменета за директори, наставници и стручни соработници во училишта, а ја организира МЦГО со поддршка на УСАИД.