Филиповски садеше дрвја во Долно Лисиче


Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродорм, денеска засади дрвја во Долно Лисиче, ветувајќи дека за време на неговиот мандат, ќе засадат 5.000 нови садници. 
 
– Засадивме нови дрвја во Долно Лисиче. Во следните четири години планираме садење на нови 5.000 висококвалитетни садници рамномерно по сите населби. 
Но, ќе го одржуваме и постоечкото зеленило. Затоа, маалските зелени површини ќе добијат системи за наводнување, како и нови клупи и корпи за отпадоци – вети Филиповски.
 
Со жителите од Долно Лисиче, разговарале за подобра инфраструктура, реконструкција на ул. „2“, нова водоводна мрежа на ул. „12“, како и изградба на спортска сала во подрачното училиште „Гоце Делчев“.