Филипче: Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19


Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме. Вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти, објави на својот фејсбук – профил министерот за здравство Венко Филипче.

Посочува дека во врска со делот на прием, чувањето на вакцините, дистрибуцијата до местата, каде ќе бидат аплицирани веќе планот е во завршна фаза, но во текот на следната недела ќе организираат и една вежба на терен како тоа би изгледало.

Препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни, сите критични групи согласно мислењето на експертите, напиша Филипче.