Филипче утре на состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Венко Филипче утре ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот, кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.

На состанокот, како што соопшти Министерството за здравство, ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19, како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.

На состанокот ќе се разгледаат и искуствата на европските земји во делот на подготовките за вакцинација, по што јавноста ќе биде информирана за оперативниот план за вакцинација за Ковид-19, стои во соопштението.