Донор на третото срце беше Јасмина, мајка на 10-месечно бебе, откри Филипче


Од средбата на Филипче со семејството на Јасмина

Откако неколку дена по желба на семејството беше скриено од јавноста името на донорот кој подари срцеи бубрези за тројца пациенти, министерот за здравство, Венко Филипче, денеска го откри нејзиното име – таа се вика Јасмина и е мајка на 10-месечно бебе.

„Утрово се сретнав со семејството на 40-годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10-месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, напиша Филипче на Фејсбук.