Филипче: Савески е под директна контрола на Мицкоски


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени денес дека новиот јавен обвинител Ненад Савески покажал дека е под директна контрола на премиерот Христијан Мицкоски и дека тоа се гледа најдобро од неговите обиди да ги „потопи“ предметите против ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве зошто не гласавме за Савевски и не му дадовме поддршка – зашто работи по диктат на Христијан Мицкоски. Има ли поголем доказ од ова да се спасат предметите во кои ВМРО-ДПМНЕ  е предмет на истрага и на судски процеси.

Ова е само дел од востановената пракса од почетокот на владата кога се инсталираа и членови на Судски совет, и судии и обвинители… И тогаш укажувавме дека се партизира судството и дека не се спроведува реформската агенда со закони за судството. Ова не не изненадува.
Тој е под директна контрола на птремиерот и ништо друго“, оцени Филипче.