Филипче: Приватните болници да не наплаќаат повеќе од 5.000 евра за болни од Ковид
По бројните поплаки од граѓаните дека приватните болници наплаќаат многу скапо за лекување на болни од Ковид, министерството за здравство предлага цените да не надминуваат 5.000 евра.
– Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани – пишува Филипче на Фејсбук.
Пред неколку дена тој на средба со надлежните од приватните болници договараше пониски цени, но само од болницата „Жан Митрев“ прифатија цените да ги намалат на половина, додека другите рекоа дека им е неисплатливо.
Цените во приватните болници стигниваа и над 12.000 евра.