Филип Пасху нов в.д. директор на ЈП Градски Паркинг Скопје

Филип Пасху е новиот в.д. директор на ЈП Градски Паркинг Скопје, соопшти Град Скопје.
Тој е магистер по економија, со долгогодишно работно искуство во управување со бројни проекти на УСАИД, ДФИД, ИПА фондовите на Европската Унија. Има искуство и од позицијата неизвршен директор на АД Енергетика Скопје, заменик директор на ЈП Градски Паркинг, како и претседател на Управниот одбор на истото претпријатие.