Фицо се опоравува, наскоро ќе се врати


Рехабилитацијата на премиерот Роберт Фицо по обидот за атентат врз него во мај, продолжува, изјави денеска словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак.

Тој додаде дека Фицо би можел да се врати на функцијата на крајот на јуни и почетокот на јули.

„Во принцип, рехабилитацијата продолжува. Напредокот во некои околности е задоволителен, додека во некои случаи е покомплициран. Не беше лесна повреда и едноставно е потребно извесно време за да се врати во оптимална состојба 100 проценти“, рече тој, пренесе агенцијата ТАСР.
Според него, реални се најавите на премиерот дека би можел да се врати на работа  од јуни во јули.

„Тоа значи дека би можеле да го видиме оваа или следната недела“, додаде Калињак, истакнувајќи дека не верува оти Фицо ќе ја води следната владина седница, што ќе се одржи на 3 јули во Закамен, во регионот на Жилина.

Фицо се здоби со повеќе прострелни рани по состанокот на владата во градот Хандлова во областа на 15 мај, кога беше застрелан од 71-годишен вооружен маж.