Федерер со победа над Чилиќ во третото коло на Ролан Гарос


Франција– Ветеранот Рожер Федерер успешно ја мина втората пречка на вториот грен слен во оваа календарска година Ролан Гарос.

 

По триумфот над Денис Истомин швајцарскиот ас славеше над Марин Чилиќ со 3-1 во сетови по нешто повеќе од два ипол часа игра на „Филип Шатрие“.  Федерер беше убедлив во првиот сет кој го реши со 6-2, потоа Марин возврати во ист стил за да третиот донесе супер борба која во тај-брејкот му припадна на фаворитот со 7-4.

 

Тука рекетот од Базел со скрши противникот, па во наредниот со 6-2 ја заокружи оваа партија, а и воедно доминацијата во меѓусебните дуели со Хрватот каде има 10 победи на 11 натпревари.

Нареден ривал за популарниот Федерер ќе биде Доминик Кепфер.