Федерер го пронајде ритамот на Вимблдон, преку Гаске во третото коло


Англија– Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер се пласира во третото коло на Вимблдон откако во три сета го победи Ришар Гаске. Федерер за 114 минути игра со 7:6,6:1,6:4 го совлада Гаске и во следното коло го очекува пресметка со Британецот Камерон Нори кој до третото коло стигна со победата над Алекс Болт препуштајќи му само шест гема.

Интересно е што Федерер и Гаске играа во полуфиналето на Вимблдон во 2007 година, а во 21. меѓусебен дуел Швајцарецот дојде ја оствари 19 победа.

Пласман во третото коло обезбеди и Ник Кирјос кој во три сета го совлада Џанлука Магер со 7:6,6:4,6:4. Сигурен настап имаше и Данил Медведев  кој на Шпанецот Алкараз му препушти само седум гема. Еден сет повеќе играше Марин Чилиќ кој со 6:4,3:6,6:3,7:6 го совлада Фреанцузинот Бонзи.